Општина Центар спроведува голема акција за чистење, во која истовремено се чистат шест различни локации низ општината. Во рамки на акцијата „Центар не чека, Центар чисти“, јавните површини во централното градско подрачје добиваат нов сјај, со помош на тимската работа на општинските служби и поддршката од граѓаните.

Опфатени се Зелено пазарче, кај Градски Ѕид, паркингот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, паркингот кај Министерството за внатрешни работи и исто така, се чисти и депонијата позади трговскиот центар „Буњаковец“.

– Со ангажман на механизација и рачна работа, се отстрануваат отпадоци, се санираат оштетени површини и се враќа чистиот изглед на овие фреквентни јавни простори. Шест локации во еден ден значат шест големи чекори напред кон чиста, уредна и здрава средина. Акцијата ќе трае и ќе се проширува во текот на пролетта со генерални акции за чистење во училиштата, градинките и секое ќоше на општината. Верувам дека граѓаните ги препознаваат напорите и помагаат пред се’ со тоа што внимаваат на животната средина и не фрлаат ѓубре. За чист Центар потребно е сите да дадат поддршка – вели градоначалникот Горан Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ