Генерален штрајк во Србија – за време на протестниот марш, автомобил влета во толпата граѓани – повредена е студентка

406
epa11849740 Protestors march during a rally in Belgrade, Serbia, 24 January 2025. University students, lawyers, high school students, and teachers staged a protest demanding accountability after fifteen people lost their lives in the collapse of the Novi Sad Railway Station canopy on 01 November 2024. The protest followed a call for a general strike issued earlier to pressure authorities into taking action. The station building, which had been renovated and reopened on 05 July 2024, was undergoing further renovations shortly before the collapse. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Србија денеска има генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните на Србија ги повикаа студентите во блокадата.

„Не одиме на работа, не одиме на часови, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм во средата.

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии. На генералниот штрајк се приклучи информативната мултиплатформа Н1, која денеска известува само за тоа.

За време на штрајкот, една жена со својот автомобил влета во толпа граѓани во Нов Белград и повреди студент.

Заканата од страна на Министерството за образование не ги заплаши средните и основните училишта да се приклучат на генералниот штрајк. Наставниците и професорите ги поведоа учениците на протестни прошетки низ градовите кои завршија со 15 минутен молк во чест на жртвите од несреќата во Нови Сад.

Властите не се задржаа само на закани за намалување на платата за учесниците во протестите, туку низ цела Србија беше забележливо засилено полициско присуство. Опозиционерите кои го блокираа автопатот Нови Сад – Белград беа приведени, додека пак вработените во покраинската влада на Војводина целото работно време го поминаа заклучени во зградата во Нови Сад.

Студентите кои беа иницијатори на овој генерален штрајк најавуваат дека искажувањето граѓанска непослушност ќе продолжи, и во таа насока креираа веб страница со часовник кој одбројува до 27 јануари. Властите пак, ги обвинија дека работат за странски разузнавачки служби со цел уривање на владата.

Протестите во Србија започнаа по несреќата во Нови Сад, каде падна настрешницата на железничката станица, со барање одговорност за смртта на 15 лица.

ИЗДВОЕНИ