Гази Баба издвои 11 милиони за поддршка на спортот

89

Општина Гази Баба финансиски ќе ги поддржи спортските клубови, спортските здруженија, спортистите, другите правни лица од областа на спортот и спортските манифестации кои се одржуваат на нејзината територија за 2025 година.

Од Општината информираат дека оваа година за поддршка на спортот се предвидени 11 милиони денари, што како што велат претставува историски најголема финансиска поддршка на оваа област во една календарска година. За таа цел објавен е и јавен оглас.

На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на нејзиното подрачје или тука имаат огранок.

Јавниот повик трае до 17.02.2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ