ГАЗА ВО МРАК Израел го прекина снабдувањето со струја: „Ќе ги искористиме сите средства за заложниците“

43

Израелскиот министер за енергетика, Ели Коен, нареди на израелската корпорација за електрична енергија (IEC) веднаш да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа во обид да изврши притисок врз палестинската милитантна група Хамас, која сè уште држи 59 заложници киднапирани во јужен Израел.

– Ќе ги искористиме сите средства кои ни стојат на располагање за да ги вратиме сите заложници и ќе се погрижиме Хамас да не биде во Газа по завршувањето на конфликтот – рече Коен во видео изјава.

Канцеларијата на Коен испрати писмо до IEC со наредба да престане да продава електрична енергија за електрани во Појасот Газа, објави The Times of Israel.

Овој потег доаѓа откако Израел објави дека го запира влезот на стоки во Појасот Газа поради, како што рече, одбивањето на Хамас да го прифати предлогот за продолжување на почетната фаза од договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

ИЗДВОЕНИ