
Шпанските медиуми се убедени дека лондонскиот премиерлигаш Челзи има нереална желба, односно дека сака да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Гави. Неофицијално, лондонските „сини“ се подготвени да понудат околу 50 мил. фунти за обештетувањето на дефанзивниот играч за врска кој има договор со Барса до 2030 година и кој има ослободителна клаузула од милијарда евра.