– Владата се фокусира на идентификување на причините за загадувањето, а не на последиците. Имајќи предвид дека главни причини на загадувањето се греењето на домаќинствата и загадувањето од сообраќајот, Владата вложува големи напори за исполнување на проектот за гасификација, како едно од главните решенија, кој има цел граѓаните да користат еколошки начини на затоплување, што ќе придонесе за намалување на загадувањето за 50 до 70 отсто, вели министерот за животна средина, Изет Меџити

Гасификацијата, реформите во урбаниот превоз и приклучувањето на домаќинствата на централниот систем на греење ќе доведат до тоа да се намали загадувањето на воздухот во главниот град  за 50 до 70 проценти. Според министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, инспекторите за животна средина се постојано на терен и ги контролираат производствените капацитети со А, но и оние со Б интегрирана еколошка дозвола.

Освен гасификацијата, Меџити ги потенцира и проектите „Каршеринг“, како поддршка на приватните такси-компании и подобрување на јавниот превоз.

Министерот Меџити денеска ги информираше претставниците на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за приоритетите на Владата и за преземените активности, истакнувајќи ги загадувањето на воздухот и управувањето со квалитетот на воздухот во урбаните средини како приоритет.

– Владата се фокусира на идентификување на причините за загадувањето, а не на последиците. Имајќи предвид дека главни причини на загадувањето се греењето на домаќинствата и загадувањето од сообраќајот, Владата вложува големи напори за исполнување на проектот за гасификација, како едно од главните решенија, кој има цел граѓаните да користат еколошки начини на затоплување, што ќе придонесе за намалување на загадувањето за 50 до 70 отсто – истакна Меџити.

Тој информираше и за досегашната поддршка од ЕУ и од Светска банка во оваа област, но потенцираше дека има простор за остварување на јавно-приватно партнерство во некоја наредна фаза.

 

ИЗДВОЕНИ