Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија. Тој им посака добредојде на сите претставници и им се заблагодари за нивната посета.

Претставниците, пак, на Стопанска комора му го честитаа изборот на Гаши и му посакаа успех на новата функција претседател на Собранието.

Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанска комора на Северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу другото, едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење на предлог-закони кои се во нивен интерес.

Собранието можете да го сметате како ваш најсилен сојузник, и ја имате мојата целосна поддршка – рече Гаши и посочи дека нивната соработка ќе се интензивира.