Гаши: Да придонесеме кон зајакнување на заедницата, толеранцијата и општествената хармонија

33
Foto: P.Stojanovski

После еден период на длабоко размислување, пожртвуваност и ангажираност да се доближиме повеќе кон Бога, имам посебно задоволство да ви го честитам големиот празник – Рамазан бајрам, се вели во честитката на Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание.

„Рамазан нè учи дека постот е патот кон прочистување на душата и секој ден претставува можност за практикување на вредностите искреност, љубов и меѓусебна почит. Затоа, по завршувањето на месецот на Рамазан, да бидеме со чисто срце и поподготвени да им помогнеме на сите оние кои имаат потреба, како и да придонесеме кон зајакнување на заедницата, толеранцијата и општествената хармонија.

Во мое лично име и во името на Собранието на РСМ, нека е за многу години Рамазан бајрам! Овој ден нека биде извор на радост и мир за вас и вашите семејства, со повеќе љубов, разбирање и солидарност“, се вели во честитката на Гаши.

ИЗДВОЕНИ