Актерот Гај Пирс се потсети на непријатното искуство со контроверзниот актер Кевин Спејси на снимањето на познатиот филм „Доверливо од ЛА“ (LA Confidential) од 1997 година во новото интервју за „Холивудски репортер“ (The Hollywood Reporter).
Пирс за прв пат отворено проговори за Спејси и за наводите за сексуален напад што ја заврши кариерата на ѕвездата од „Куќа од карти“. Тој накратко ја допре оваа тема во интервјуто со Ендрју Дентон во 2018 година, кога рече дека Спејси е „тип што сака да ги пипка другите“, а подоцна изјави: „Разбирам дека ова е чувствителна тема за само да се отфрли.
Пирс денес е поискрен, но сепак внимателно ги избира зборовите кога го опишува целиот случај. „Додека веројатно бев жртва на некој начин, во никој случај не бев жртва во иста мера како некои други луѓе кои беа злоупотребувани од сексуални предатори“, истакна актерот.
Пирс објасни дека се обидел да го игнорира нафрлањето на Спејси за време на снимањето, но бил исплашен. “Го правев тоа пет месеци, но се плашев од Кевин бидејќи тој е прилично агресивен маж. Тој е исклучително шармантен и одличен во она што го прави, импресивен и сето тоа. Доминира во секоја просторија каде што ќе се појави. Но, јас бев млад и наивен и станав негова мета”.
Нео-ноар криминалистичкиот филм„Доверливо од ЛА“, во режија на Кертис Хансон, е сместен во 1950-тите и следи тројца полицајци кои истражуваат серија убиства во Лос Анџелес, секој на свој начин.
Покрај Пирс и Спејси, во актерската екипа беа Расел Кроу, Џејмс Кромвел, Ким Бесинџер, Дени Де Вито, Сајмон Бејкер и многу други ѕвезди. Пирс рече дека најбезбедно се чувствувал кога бил на снимање со Бејкер бидејќи Спејси целосно ќе се фокусирал на Бејкер во тие моменти.
Иако не навлегува во детали за тоа што се случило, Пирс откри дека во меѓувреме имал „неколку конфронтации со Кевин“ кои „се претвориле нешто гадно“.
Пирс моментално го промовира филмот „Бруталист“ во режија на Брејди Корбет, што му ја донесе првата номинација за Оскар во категоријата за најдобра споредна машка улога. По „Бруталист“, ќе го гледаме во филмовите „Убивање на вербата“ во режија на Нед Кроули и „Жената во кабина 10“ во режија на Сајмон Стоун.