ФЗОМ предупредува: Преку лажната веб-страница fzom.net се крадат лични и финансиски податоци на граѓаните

99

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net.

„Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните“, предупредуваат од ФЗОМ.

Измамниците, како што се наведува во соопштението на ФЗОМ, преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите:

  • Лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса);
  • Податоци за здравствено осигурување;
  • Податоци за банкарски сметки и кредитни картички;
  • Кориснички имиња и лозинки.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат своите лични податоци на веб-страницата fzom.net и нагласува оти официјалната веб-страница на Фондот е исклучиво fzo.org.mk.

  • Проверете ја внимателно веб-адресата пред да внесете какви било лични податоци.
  • Не кликајте на линкови од сомнителни е-пошти или пораки.
  • Не споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого.
  • Пријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица.
  • Официјалната веб страна на ФЗОМ никогаш нема да побара од вас внесување на банкарски податоци.

Од ФЗОМ информираат дека веќе се преземаат мерки за блокирање на лажната веб-страница и за заштита на граѓаните. Фондот соработува со надлежните органи за да ги идентификува и казни сторителите на оваа измама.

За дополнителни информации и пријавување на сомнителни активности, ФЗОМ со апел до граѓаните дека можат да се обратат на:

  • Официјалната веб-страница на ФЗОМ: fzo.org.mk
  • Телефонскиот број на ФЗОМ:
  • 02 3289 000
  • Е-пошта: [email protected]

ИЗДВОЕНИ