Италијанскиот ракометен репрезентативец и поранешното крило на Балинген, Лео Прантнер ќе стане нов член на Фуксе Берлин, откако Тобијас Рајхман поради лични причини повеќе нема да му биде на располагање на тимот од германската престолнина.

Прантнер како еден од лидерите на Италија одигра на врвно ниво на Светското првенство и поради тоа го привлече вниманието на големите клубови.

„Аѕурите“ по долго чекање се вратија на големата ракометна сцена и веднаш ги освоија симпатиите на неутралните ракометни фанови. Ја минаа првата фаза, а потоа во втората фаза го зазедоа четвртото место зад Данска, Германија и Швајцарија.

Дваесет и три годишниот ракометар беше еден од најдобрите Италијанци на овој собир и постигна 37 гола на шест одиграни натпревари.

ИЗДВОЕНИ