Македонскиот ракометен шампион, екипата на Еурофарм Пелистер, ги загуби сите шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако беше поразен од Фуксе Берлин на гости со 39:29. Со тоа битолчани ќе останат на 7. позиција на табелата.

На едно коло до крајот, Еурофарм Пелистер има два бода помалку од Динамо Букурешт и Висла Плок, но и во двата меча противниците се со подобар меѓусебен скор од македонскиот првак, и затоа на битолчани им требаа две победи во последните две кола, но не успеаја во мисијата.

Гидсел и Лангоф со по девет голови беа најефикасни кај домашните, додека Кузмановски кај Пелистер постигна седум гола.

ИЗДВОЕНИ