Фудбалски терен со вештачка трева во ООУ „Мирче Ацев“ 

73

На вкупна површина од  800 метри квадратни се поставува нов фудбалски терен со вештачка трева во ООУ „Мирче Ацев“. Ова е втор

Од Општината Ѓорче Петров информираат дека подлогата ги исполнува највисоките критериуми согласно UEFA и ќе биде одлично место за рекреација и оти ова е втор спортски терен во една седмица, откако претходно беше поставен во ООУ „Страшо Пинџур“.

-Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации. Досега  изградивме: детски фудбалски терен на улицата „Македонска Војска“, нов терен со вештачка трева во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“, мултифункционален терен во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“, тартан подлоги на спортските центри „ГеГе“ и „Бранители“, а се гради и спортска сала во Хром- истакнаа од Општина Ѓорче Петров.