Цела Македонија тагува по починатите во пожарот кој избувна во ноќниот клуб во Кочани, а во исто време се моли за останатите кои преживеаја и сè уште се борат за живот. Меѓу оние кои, за жал, починаа е и фудбалерот Андреј Лазаров (25), чиј херојски чин вечно ќе се памети. Тој починал во болница во Штип, каде што бил префрлен од Кочани, откако лекарите ги дале сите напори да го спасат, но Лазаров им подлегнал на повредите.

Инаку, првичните информации беа дека Андреј е во стабилна состојба, сепак, младиот фудбалер им подлегнал на повредите. По овој немил настан се јавија и од фудбалскиот клуб Шкупи, чии бои последно ги бранеше.

  • Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.
  • Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
  • Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.
  • Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.
  • ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб.
  • Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим. Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца, се вели во соопштението на Шкупи.

Во трагедијата загинаа најмалку 59 лица, а над 150 се повредени. Инаку, голем дел од жртвите свесно го ризикувале својот живот, меѓу кои и пејачот Андреј од ДНК, за да спасат други животи кои се наоѓале во дискотеката, но, некои од нив не успеаја повторно да излезат надвор, за жал, заминаа во вечноста.

ИЗДВОЕНИ