Францускaта лизгач Солен Мазенже (21) го обвини својот колега лизгач од САД, Иван Десјатов за силување! Французинката која се натпреварува за Естонија, Солен Мазенц, излезе во јавноста со грозоморни обвинувања против Русинот Иван Десјатов, кој лизга за Америка. Таа тврди дека нејзиниот две години повозрасен колега ја искористил нејзината ранливост.
Во септември, Мазенжова за прв пат проговори на социјалните мрежи за силувањето што и беше извршено.
– Никогаш нема да ги заборавам тие натпревари минатата сезона. Сè изгледаше како и обично, а потоа сè се промени. Тој ден бев сексуално нападната од друг спортист – напишала Французинката, но не го именуваше сторителот.
Немилите сцени меѓу двајцата лизгачи се случија минатата година во Загреб, на турнирот „Златен спин“. Во случај да се покрене судска постапка и тој биде осуден, Десјатов се соочува со затворска казна.
Солен Мазенз на социјалните мрежи напиша и дека првиот сексуален напад и малтретирање го доживеала како 13-годишно девојче, кога тренер ја допирал по интимните делови од телото.