Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васер, изјави дека треба да се смират луѓето по тешките критики упатени кон Луис Хамилтон и неговиот тим.

Хамилтон победи на спринтерската трка во Кина, што е негов единствен добар резултат за Ферари и, генерално, има полошо темпо од тимскиот колега Шарл Леклер.

Луис неодамна дојде во Ферари, по 12-годишното владеење во Мерцедес и јасно е дека ќе му треба малку време да се приспособи на новата средина, а сите веќе размислуваат за 2026 година, кога ќе пристигнат новите регулативи.

  • Не ми е грижа дали се работи за Луис, Шарл или за Карлос минатата година. Ние ги правиме само најдобрите работи за нашите возачи и се обидуваме да го најдеме вистинскиот баланс за нивните болиди. Ги туркаме двата болида на ист начин. Луѓето, можеби, беа премногу ентузијасти по спринтот во Кина, но сега треба да се смират. Имаме нов болид, не пренесуваме ништо од минатата година и затоа се мачиме по малку да го пронајдеме балансот. Таков е животот на секој Формула 1 тим – порача Васер.

Фредерик Васер вели дека не го загубиле духот за успех.

  • Понекогаш е десеттинка, понекогаш чувствувате дека сте блиску и, всушност, не е толку лошо. Мораме да бидеме фокусирани, прво на следната трка, а потоа на сите трки по тоа. Позитивната работа е што работиме како тим. Двајцата возачи одат во иста насока, атмосферата е добра и многу ќе ни помогне тоа – објасни шефот на Ферари.

ИЗДВОЕНИ