Франсоа Оланд се враќа во политиката: „Само сакам да бидам од корист

90
EPA-EFE/Laurent Cipriani

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд изјави дека повторно ќе се кандидира за пратеник на парламентарните избори, што е најнов политички пресврт откако неговиот наследник Емануел Макрон повика на предвремени избори, пишува Еурактив.

Оланд, кој беше француски претседател од 2012 до 2017 година, ја напушти функцијата со рекордно ниво на непопуларност – и кај делови од радикалната левица и кај социјалистите и граѓаните.

„Исклучителна одлука за исклучителна ситуација. Не барам ништо за себе, само сакам да бидам од корист“, им рече Оланд на новинарите.

Оланд додаде дека ја поддржува новата широка лева алијанса, велејќи дека „сите мора да направиме се за да се осигураме дека екстремната десница нема да дојде на власт во Франција“.

Тој најави дека ќе се кандидира за пратеник во југозападното одделение на Корез на листата на Новиот народен фронт, левичарска група формирана за изборите во која се социјалисти, тврдокорни левичари, зелени и комунисти.