Французите, еволуираа во вкусот, ама и пазарот на алкохолни пијалаци: Виното веќе не им е омилено, сега повеќе претпочитаат пиво

40

Потрошувачката на вино во Франција се повеќе се намалува, а популарноста на пивото рапидно расте.

Ова го покажа најновото истражување.

Во периодот од 2019 до 2023 година, учеството на виното во потрошувачката на алкохолни пијалаци на францускиот пазар изнесувало 40 отсто, што е пад од 18 отсто во однос на периодот од 2007 до 2011 година, покажуваат податоците од истражувањето на компанијата FransAgriMer, објави ТВ станицата Bfmtv.

Пивото неодамна го надмина виното по популарност кај Французите, па така во периодот 2019-2023 година. уделот на овој пијалaк е 45 отсто во консумирањето алкохол, додека од 2007 до 2011 година тој процент бил само 29 отсто, се вели во истражувањето.

ИЗДВОЕНИ