Неделата на франкофонски филм, што беше предвидена да се одржи деновиве, се одложува поради трагичниот настан во Кочани. Францускиот институт во Скопје известува дека за новите датуми на одржување на манифестацијата, јавноста дополнително ќе биде информирана.
Францускиот институт во Скопје и целиот негов тим изразуваат длабока тага, а во знак на почит, покрај Неделата на франкофонски филм, се одложуваат и сите останати настани предвидени за оваа седмица.