Припадниците на единицата за отстранување мини и неексплодирани убојни средства на француските безбедносни сили денеска успешно деактивираа бомба тешка 500 килограми, останата од Втората светска војна во градот Мањ-ен-Вексин во регионот Ил-де-Франс во северна Франција.
Жителите на Мањи-ен-Вексин утринава пронашле бомба од Втората светска војна и веднаш ги известиле надлежните органи, кои брзо реагирале и воспоставиле безбедносна зона околу локацијата каде што била пронајдена бомбата, јавува БФМ ТВ.
Овие мерки доведоа до сообраќаен метеж на локалниот пат и привремено затворање на некои други патишта.
„Тимови за деминирање, жандарми и локални технички служби се упатија кон локацијата на бомбата во присуство на помошникот градоначалник за капитални проекти и животна средина Рејмонд Фруадевал“, пренесува Танјуг.
„Околку 16 часот бомбата е неутрализирана и пренесена на локација за уништување“, објави Фејсбук страницата на општина Мањи-ен-Вексин.