Портпаролката на француската влада, Софи Прима, денеска изјави дека земјата нема страв во врска со посетата на италијанскaта премиерка Џорџа Мелони на американскиот претседател Доналд Трамп, која е закажана за следната недела.
„Посетата на Мелони не нѐ загрижува бидејќи сите гласови кои овозможуваат дијалог со САД се добредојдени, особено што Мелони изрази солидарност со Европската унија преку нејзината делегација во понеделникот и потврди дека таа е дел од Европската унија“, рече Прима, додавајќи дека „нема причина за загриженост“, објави Анса.
Таа ги даде забелешките откако францускиот министер за индустрија, Марк Фераци, ја покрена можноста посетата да го поткопа единството на Европската унија наспроти царините на Трамп.