Ракометната репрезентација на Франција едвај ја совлада Португалија со 35:34 во малото финале и го освои бронзениот медал на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Разликата меѓу двата тима цело време беше еден до два гола, претежно водеше Франција, а до победата дојде благодарение на чудесната одбрана на Болцингер со глава во последниот напад на Португалија.
Франција со оваа победа стана најодликувана на Светските првенства. Тимот ја освои петтата бронза и дојде до 13-тиот медал на шампионатите, со што застана пред Шведска со 12 медали. Португалија, пак, останува без медал во историското учество во нокаут-рундата.