Француската кошаркарска репрезентација, најверојатно, ќе биде значително ослабена на Евробаскетот, кој ќе се одржи во текот на летото, бидејќи, според најавите на тамошните медиуми, Виктор Вембањама речиси сигурно нема да отпатува.
- Не знам колку е реално тоа, малку се знае во овој момент. Планирањето однапред не е релевантно во овој момент, секако дека сакам да играм за француската репрезентација, но… Имам идеја, сè уште е специфичен проблем тоа и ми треба време да бидам сигурен и смирено да донесам одлука – изјави Вембањама, а пренесува францускиот новинар Тео Кинтар.
Франција ќе ја игра на споменатиот Евробаскет во групната фаза во Рига, а најголем ривал за првото место во групата ѝ е селекцијата на Србија.