Поминаа и Новогодишните и Божиќните празници, Водици и Стара Нова Година. Градските власти се решија да го отстранат декорот поставен по повод празнувањата. Повеќе камиони денеска може да се забележат на Градскиот плоштад како ги собираа дрвените куќарки.
Тие беа поставени на 4 декември, минатата година. Доволно долго стоеја, но и скопјани доволно долго чекаа за да започне празничното украсување на градот кое годинава беше скромно без предноводишни случувања и настани.
Пред десетина дена беше тргната и елката.
Фото: (П.С.)