Очигледно дека овој пат надлежните имале слух за да не случи некоја незгода. Откако фоторепортерот на ВЕЧЕР регистрираше свиткани столпчиња на улицата „Водњанска“ кои претставуваа сериозна пречка за нормално одвивање на сообраќајот, но и опасност за случајните минувачи, тие се заменети со нови.
Сега тие се исправени и јасно видливи и не може да го згрозат движењето на возилата, бидејќи се работи за фреквентна улица по која секојдневно се движат многу возила, не само од Скопје, туку и од другите градови во државата, бидејќи во непосредна близина се наоѓа Клиничкиот центар „Мајка Тереза.
Фото: (П.С.)