Една по една, коцките се редат. Полека, но сигурно, од ден на ден, новогодишниот декор на плоштадот „Македонија“ се зголемува.
За најмладите, веќе е ставено на располагање и црвеното вовче. Прво беа поставени дрвените куќарки, за чија намена градските власти сè уште не кажаа, а потоа се извиши елката.
Дали ќе биде тоа сè или ќе блеснат и околните улици, останува да се види, бидејќи Град Скопје не информираше досега за тоа.
Не се знае и дали ќе има новогодишна програма и пречек на Новата година на Градскиот плоштад. А, до следната информација, останува скопјани да му се радуваат на она што го има.
(А.П.) Фото: (П.С.)