Фоторафија на Трамп со видлива модринка на десната рака го шокираше светот – Белата куќа се огласи со објаснување

119
epa11922225 US President Donald Trump (R) meets with French President Emmanuel Macron (L) in the Oval Office at the White House in Washington, DC, USA, 24 February 2025. EPA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Големата модринка на десната рака на американскиот претседател Доналд Трамп е резултат на ракување, објави Белата куќа по ширењето на теоријата на социјалните мрежи дека модринката е предизвикана од интравенска терапија.

Модринката била видлива за време на вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Белата куќа.

„Претседателот Трамп е човек од народот“, рече портпаролката на Белата куќа Каролина Левит, додавајќи: „Неговата посветеност е непоколеблива и тој тоа го докажува секој ден“.

 

„Претседателот Трамп има модринки на раката од постојаното работење и ракување секој ден, цел ден“, додаде Левит во следната изјава, објави „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News).

И претходно имал модринка на истото место

Трамп имаше видлива модринка или црвенило на десната рака во најмалку два други пригоди, во август и ноември минатата година, објави „Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на агенциски фотографии.

Модринки на десната рака на Трамп беа забележани и од различни медиуми во 2024 година. „Тоа е од ракување со илјадници луѓе“, изјави Трамп за магазинот „Тајм“ во декември 2024 година.

Трамп кон крајот на минатата година изјави дека ќе објави медицински извештај за неговата здравствена состојба, но тој сè уште не е објавен.

ИЗДВОЕНИ