Фотографијата е стара и ни најмалку не ја отсликува моменталната состојба со хигиената во Карпош

226

Јавното претпријатие Комунална хигиена во однос на објавените тврдења на Општината Карпош за нехигиената, се правда дека посочената фотографија објавена во медиумите е снимена и објавена пред неколку години и како што велат ни најмалку не ја отсликува реално моменталната состојба со подигнувањето на отпадот во оваа скопска општина.

Воедно, информираат и дека подигнувањето и транспортот на комуналниот отпад од  контејнерите и од кантите во индивидуалните домаќинства во општината Карпош се одвива согласно вообичаената динамика предвидена со Оперативниот план за собирање комунален отпад на територијата на градот Скопје.

При тоа, ја поздравуваат идејата на Општина Карпош да го засили инспекцискиот надзор на терен и ги охрабруваат конечно барем еднаш и да санкционираат некој од бројните прекршители на Законот за одржување на јавната чистота кои секојдневно непрописно одлагаат отпад на јавните и сообраќајните површини во оваа скопска општина.

 

ИЗДВОЕНИ