Фотографија која навестува „возбудливи времиња“: Што порача Меланија Трамп со нејзиниот официјален портрет?

941

Објавена е официјална фотографија од Меланија Трамп, на која се гледа како првата дама на Америка позира во црно-бела фотографија во костум пред прозорецот зад кој се гледа споменикот на Вашингтон. Коментарите за изгледот на сопругата на Трамп се мешани, а критичарите се согласуваат дека портретот на Меланија навестува „возбудливи времиња“.

Портретот беше објавен и на Инстаграм профилот на Меланија Трамп: „Официјален портрет на првата дама Меланија Трамп“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Фотографијата е направена од белгиската фотографка Реџин Махаукс, која го направи и портретот на Меланија Трамп во 2017 година.

За разлика од овој портрет, портретот на првата дама на САД од 2017 година беше во боја и го имаше нејзиното лице во преден план.

Првиот портрет на првата дама во историјата на САД, Марта Вашингтон, е насликан со масло на платно, според Историското здружение на Белата куќа, кое поседува галерија од сите портрети на првите дами во историјата на САД.

Претходно, на 17 јануари, тимот на Доналд Трамп ги откри официјалните портрети на претседателот Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, кои беа во боја, а двајцата лидери се во костуми со сина боја и вратоврски, позирајќи пред американското знаме.

Модниот магазин „Вог“ негативно ја оцени облеката на сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, на нејзините најнови фотографии, споредувајќи го нејзиниот изглед со магионичарка, објавија медиумите.

Во изминатите четири години, модниот магазин изрази восхит од поранешната прва дама Џил Бајден, како и од потпретседателката Камала Харис, која се појави на насловната страница на Вог, а познато е и дека главната уредничка Ана Винтур е поддржувач на демократите, пишува Daily Mail.

ИЗДВОЕНИ