Скопје утрово се најде на шестото место, меѓу најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 158.

Фото: Ѕ. Плавевски

На листата на IQAir , Скопје се најде по Делхи во Индија, Каиро Египет, Лахоре во Пакистан, Сараево во БиХ и Карачи во Пакистан. Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 65.2 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 84.4 микограми на кубен метар.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е речиси 13 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).