Премиерниот натпревар од 24. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу големите ривали, Вардар и Шкендија, заврши без победник.
Гостинот дојде во водство со погодокот на Решат Рамадани, а неколку минути подоцна, „црвено-црните“ израмнија преку Едиз Спахију.
Со натпревар повеќе, лидерот на табелата, тимот на Шкендија, има пет бода повеќе од второпласираниот Силекс, додека Вардар е на 8-та позиција со освоени 22 бода.
ФОТО: П.Стојановски