
Со напредокот на технологијата и вештачката интелигенција, станува полесно да се визуелизира како ќе изгледаат познатите личности во иднина. Различни апликации и софтвер за стареење веќе покажаа како би можеле да изгледаат познатите, политичарите и јавните личности за една деценија или повеќе.
Оваа технолошка игра не го заобиколи и рускиот претседател Владимир Путин (72), чиј иден изглед беше прикажан во форма на анимација.
Тaa нуди фасцинантен, но и малку интригантен увид во тоа како би можел да изгледа Путин во наредните години. Неговото лице, кое има видливи промени предизвикани од стареењето, покажува уморен израз, седа коса и подлабоки брчки. Но, она што останува непроменето е неговиот карактеристичен ладен и решителен изглед.
Путин е на власт повеќе од две децении – од 2000 година, со кратка пауза кога му ја предаде претседателската функција на Дмитриј Медведев, но тој и понатаму останува вистинска политичка сила во земјата. Неговата долговечност на чело на Русија, политичките маневри и геополитичките потези го направија еден од најдоминантните лидери на нашето време.
За време на неговото владеење, тој помина многу политички бури – од внатрешни протести и економски санкции до воени конфликти и меѓународни кризи. Неговата способност да ја одржува моќта и да го контролира политичкиот систем го прави крајно непредвидлив противник во глобалната политика.