Формирана нова влада во Сирија: Лидерот на контроверзните Бели шлемови стана министер

59
EPA-EFE/NECATI SAVAS

Прогласен за привремен претседател во јануари, Шара треба да управува со петгодишен преоден период, по речиси 14 години граѓанска војна.

Привремениот сириски претседател Ахмад ал Шара вечерва објави дека е формирана нова влада и додаде дека има силна желба „да изгради стабилна држава“.

Најавата за формирање на новата влада, која првично беше закажана за 1 март, доаѓа во време кога меѓународната заедница повикува на инклузивна сириска транзиција.

Новите власти се обидуваат да ги обединат и обноват сириските институции по соборувањето на претседателот Башар ал Асад. Од 8 декември, министерскиот тим е одговорен за водење на тековните работи.

Неколку министри останаа на функцијата, и тоа шефот на дипломатијата Асад ал Шабани и министерот за одбрана Мураф Абу Касра, објави вечерва сириската телевизија. За министер за внатрешни работи е назначен шефот на Генералната разузнавачка служба Анас Хатаб, кој е близок до Шарех.

Водачот на Белите шлемови, сириските спасувачи кои работеле во областите под контрола на бунтовниците, Раед ал-Салех, беше назначен за министер за вонредни состојби.

Прогласен за привремен претседател во јануари, Шара треба да управува со петгодишен преоден период, по речиси 14 години граѓанска војна. Дури после овој период треба да се одржат избори врз основа на новиот Устав.

ИЗДВОЕНИ