Фонтана ди Треви се реновира, ја замени импровизиран базен – туристите бесни!/ФОТО/ВИДЕО

53

Според едно старо верување, турист во Рим за да има среќа и да се врати во вечниот град мора да фрли паричка преку рамо во Фонтаната Треви. Но, бидејќи нејзината реставрација е во тек, на туристите им е ставен на располагање мал базен за да фрлаат монети.

Со три милиони посетители годишно, Фонтаната Треви е една од најпознатите знаменитости во светот. Во моментов од него е испумпана целата вода поради вонредна реставрација, јавуваат агенциите.

Туристите можат да ја набљудуваат фонтаната само од одредена далечина, преку проѕирна заштитна ограда. За да можат да фрлаат парички, градската управа поставила мал квадратен базен недалеку од фонтаната.

На социјалните мрежи веднаш се појавија иронични коментари, па еден корисник на мрежата Х напиша „каква глупост е ова, личи на базен на надувување“.
Сепак, само неколку часа по инсталацијата, на дното на базенот веќе се насобраа куп монети.

@local.teamLa Fontana di Trevi di Roma è stata svuotata per dei lavori di restyling e il lancio delle monetine ora viene fatto in una piccola piscina installata a ridosso del cantiere.♬ suono originale – Local Team

Работите на фонтаната се поврзани со јубилејната римокатоличка година која се слави на секои 25 години, а почнува на 24 декември годинава. И покрај работите, илјадници туристи сè уште секојдневно доаѓаат на фонтаната, која е еден од симболите на Рим.

Сепак, за 2025 година е планиран пилот-проект кој ќе го ограничи нивниот број, како што веќе е направено на други места кои се преплавени со туристи. Градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери изјави дека во иднина би можеле да бидат воведени билети за посета на фонтаната.

Монетите од фонтаната редовно ги собираат работниците на римското комунално претпријатие, а лани сумата достигна 1,5 милиони евра. Од 2001 година, парите одат во Римскиот Каритас, кој се грижи за повеќе од 50 социјални институции и 145 различни центри за помош во главниот град на Италија.