Младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека (18) е поразен на почетокот од турнирот „Рио опен“, пред домашните навивачи, во својот роден град. Тој  доживеа пораз од 41. светски играч, Александре Милер од Франција, кој му одржа лекција со 6:1, 7:6 и го победи за само 94 минути игра.

Иако беше дочекан со овации и имаше бучна поддршка од трибините, Фонсека одигра многу слабо, направи 34 неизнудени грешки и не личеше на тенисерот што го подигна својот прв АТП-трофеј само неколку дена пред поразот (на 19 февруари). Блескаше во Буенос Аирес, каде што доминираше и ја освои титулата, но, можеби, „долгиот јазик“ му наби комплекси.

Фонсека почна премногу да се удира во гради откако беше пофален од српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Очигледно, сето тоа му донесе притисок и е евидентно дека му треба уште многу за да созрее.

  • Федерер ми е најголемиот идол. Нема шанси да се смени тоа. Може да кажат дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, но, за мене, тоа не е така – изјави Жоао Фонсека, кој тешко се сеќава на најдобрите денови на Швајцарецот.

Тој додаде дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, но дека Федерер е неспоредлив. Оваа негова изјава го испрати по надолна линија, ќе мора да внимава што зборува во иднина, бидејќи иако е исклучително талентиран за тенис, можеби, ќе треба да работи на своите јавни настапи.

Инаку, Милер стигна до финалето на турнирот во Рио, но беше поразен од Себастијан Баез од Аргентина со 2:0 во сетови.

ИЗДВОЕНИ