
Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека ќе наполни 19 години во август, но веќе пука од самодоверба. Тој сака да игра против Новак Ѓоковиќ во главната ждрепка на еден голем турнир, најбрзо тоа би можело да биде на Ролан Гарос.
За разлика од оние што би сакале да го избегнат најдоброто и да отидат што подалеку, талентираниот бразилски тенисер има поинакво мислење. Тој даде интервју за официјалниот сајт на Ролан Гарос и по тој повод зборуваше за своите планови и цели.
– Овој турнир е многу важен за мене и за мојот развој. Играв на јуниорскиот Ролан Гарос и тоа беше остварување на сонот за мене, играв на грен-слем, беше навистина, навистина особено. На крајот загубив од Дебру, кој го освои турнирот. Тоа беше мојот почеток, почеток на моето верување дека можам да направам големи работи – започна Фонсека.
Тој зборуваше за тоа колку му значи сето тоа.
– За прв пат видов неверојатни играчи на турнирите. Ги видов Ѓоковиќ, Рубљев, тоа беше неверојатно искуство. Едвај чекам да бидам таму, прв пат како професионалец оваа година.