Фон дер Лајен сè уште не добила покана за инаугурацијата на Трамп

20

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се уште не добила покана за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави денеска нејзината портпаролка Пола Пињо.

„Ако добие покана, ќе видиме, но во моментов нема планови (да присуствува на инаугурацијата)“, рече Пињо.

Блумберг рано утринава објави дека Фон дер Лајен се обидува да договори средба со Трамп пред инаугурацијата, а претставниците на ЕУ и помошниците на Трамп веќе воделе преговори, но се уште не е познато дали посетата може да се организира до 20 јануари.

ИЗДВОЕНИ