Фолкерката Стојне Николова – жешко навлажнета во зелен костим за капење

299

Познатата македонска фолк-кралица, додуша некрунисана, но со додадена круна на инстаграм-профилот, Стојне Николова, деновиве предизвикува многу воздишки кај машките обожаватели.

Таа сподели жешка фотографија, на која провокативно позира во жешка вода во затворен базен, во еден од луксузните хотели. Со оваа фотографија, Стојне само ги надополни приказните во кои чаршијата вели дека, и надвор од сцената, важи за една од најсексапилните пејачки. Тоа е добар знак дека и македонските пејачки имаат што да покажат, освен што убаво пеат. Не само оние странските. Сексапилот е секогаш придржен дел од естрадата, со кој ниту една пејачка не може да промаши.                                                                                                                                                      Ако случајно немаат нов хит, тука е спасоносниот сексапил. Лесно им е на пејачките. Тешко им е на нивните машки колеги, кои, за жал, не може да играат со сексапилот на „сигурна карта“. Во овој момент, Стојне има двојна среќа: и нова песна и изглед, во зелен костим за капење, со кој никого не остава рамнодушен.   Д. М.

ИЗДВОЕНИ