Фолк-хитмејкерот Ристо Краповски го слави роденденот: најмногу се пее неговата „Тинке, Катинке“!!!

40

Весело! Весело! Тие што ја следат македонската народна музика и ги сакаат македонските песни, ќе кажат „Среќен роденден, драг Ристо Краповски, имај добро здравје“. Затоа што Ристе го слави 74. роденден. Роден е во Скопје и освен што е композитор, хитмејкер, тој е и воедно пејач.

Во 80-тите години, заедно со популарниот Ефто Пупиновски, ја оформуваат групата „Династија”, која за жал не успеа да се одржи, па после неколку години се распадна. Тоа не го премисли Ристе, тој продолжи со естрадната кариера. Соработува со голем број македонски фолк-ѕвезди на кои им напиша големи хитови: безвременската песна со Војо Стојановски „Ти донесов млада невеста” и големиот хит „Тинке Катинке” со Ефто Пупиновски.  Покрај нив Краповски соработува(ше)и со Гоце Николовски, Благица Павловска, Ѓоко Дончев, Маргица Антевска, Виданка Ѓорѓиевска, Пепи Бафтировски, Ани Малинкова, Атина Апостолова…. но, и со многу други…

Во 1998 година заедно со Маргица Антевска настапуваат на „Тумба фест” со нивниот хит „Цела ноќ, ти се к’лну Гино” со која освојуваат прва награда од публиката. Во 2008 година заедно со Ани Малинкова, настапуваат на „Фолк-фест Валандово” со песната „Децата се наше најсвето”. Во 2012 година настапува на „Гоце Фест” со песната „Простете, не може”, каде освојува прво место од публиката. Настапува на „Цветници” во 2014 година со песната „Ех, да можам”, освојувајќи трето место од публиката.  Со песната „Македонска е судбина” во 2014 година настапува на „Фолк-фест Валандово”. Во 2015 настапува на „Лешочки Фолк-фест” со песната „Заедно да остариме”. На фестивалот “Тумба Фест” во Куманово му е доделена награда за животно дело. Со Нацка Славкова во 2017 година настапуваат на “Гоце Фест” со песната „Македонијо, земјо Рисјанска” во 2019 со песната „Биди вечна, Македонијо” и во 2022 со „Името ни е во Библија”.

И не само како композитор туку и како пејач речиси постојано настапува на тие нашите фолк-фестивали: „Тумба фест”, „Лешочки фолк фест”, „Фолк-фест Валандово”, „Гоце фест”, и поранешните „Филиграни”…. закитен е со многу награди.                        За уште многу години, Краповски! И остани си за секогаш таков духовит и добро расположен. Со грст хитови!!!  Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ