Кошаркарите од Универзитетот Флорида го освоија шампионатот во НЦАА откако го совладаа Хјустон со 65:63, на фајналфор турнирот во Сан Антонио. Ова е трета титула во НЦАА за тимот на Флорида и прва во последните 18 години. Играчот на Флорида, Волтер Клејтон, е прогласен за најдобар играч на завршниот турнир.

Титулата ја освоија со надополнување на негативата од 12 поени во вториот дел (30:42), а воедно ја искористија големата грешка на играчите на Кугарс во последниот напад. За 20 секунди пред крајот на мечот, играчите на Хјустон не успеаја ниту да ја доближат топката кон обрачот на противникот, а при обидот да го надиграат противникот, Емануел Шарп направи клучна грешка. Сфаќајќи што направил, само се спушти и ги стави рацете на глава.

Флорида беше предводена до победата од Вил Ричард со 18 поени, кого го следеа Алекс Кондон со 12 и Волтер Клејтон со 11 коша. Во редовите на Хјустон, најдобар беше Л.Џ. Крајер со 19 поени.

ИЗДВОЕНИ