
Барселона оваа сезона игра во одлична форма и доаѓањето на Ханси Флик се покажа како полн погодок за каталонскиот тим.
И покрај финансиските проблеми околу засилувањата, германскиот стручњак успеа да создаде одличен тим од играчите со кои располагаше, но јасно е дека на лето ќе се обиде максимално да го засили тимот.
Барса треба да го олесни доведувањето на нови играчи од летото, што го радува Германецот бидејќи веќе има неколку идеи што треба да се реализираат.
Шпанските медиуми пишуваат дека Флик ја решил првата дилема која ја имал, а е поврзана со голманската постава на Барселона.
Изненадувачки, актуелен прв голман на Барса е Војчех Шчесни, кој беше ангажирам во октомври минатата година кога Марк Андре тер Штеген заработи тешка повреда, а до тогаш негова замена беше Инаки Пена.
Сепак, на почетокот на годината Шчесни почна да брани и оттогаш го немаме видено Пена на голот. Флик веќе одлучи како сака да изгледа неговиот голмански состав во новата сезона и веќе е јасно кој ќе биде најголемиот губитник во сето ова.
На Флик му е јасно дека Тер Штеген ќе биде прв голман кога ќе се опорави од повредата, но сака да има силна конкуренција и тоа секако го доби со доаѓањето на Шчесни, кој брани брилијантно во последно време.
Затоа Флик е решен Барселона да го задржи искусниот Полјак и како што стојат работите ќе му понуди нов едногодишен договор, а Шчесни и во следната сезона ќе брани за Каталонците.
Откако одлучи дека Тер Штеген и Шчесни ќе бидат негов избор, Флик разговараше и со Пена, на која и даде до знаење дека повеќе не смета на него и дека на лето може да бара нов клуб.
„Тие двајца остануваат, а ти можеш да ја започнеш потрагата по новиот клуб“, пишува Cadena SER за дијалогот помеѓу Флик и Пена.