
Германскиот стручњак, Ханси Флик, ја препороди Барселона иако минатото лето го презеде кормилото, но по неколку месеци веќе беше јасно дека Каталонците играат одлично и дека сезонава ќе бидат сериозни конкуренти во сите натпреварувања.
Барселона на почетокот на годината го освои шпанскиот Суперкуп, што е прв трофеј за Флик на клупата на Каталонците, но јасно е дека не сака да застане тука бидејќи Барса се уште е во игра за трофеите во Примера, Купот на кралот и Лигата на шампионите.
Но, она што е особено впечатливо е атмосферата која владее во тимот на Барселона, а веќе неколку години не се гледа дека се функционира како што треба и дека играчите имаат одлична соработка на теренот и надвор од него.
Затоа Флик не сака да дозволи некој да му го нарушува тоа што го направи во соблекувалната на Барселона и затоа веќе ги отпиша сите кои се несреќни.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тоа е случајот со Инаки Пена, кој беше прв голман на Барселона откако се повреди Марк-Андре тер Штеген, но во јануари се се сврте и овој голман целосно „исчезна“.
Во 2025 година, Пена бранеше на само три натпревари, а Војчех Шчесни неочекувано стана првиот голман на Барселона. Се чинеше дека Флик така одлучил затоа што мисли дека Полјакот е подобар голман, но конечно вистината излезе на површина.
Шпанскиот новинар Фернандо Поло откри дека Пена и Флик во два наврати имале сериозна расправија и дека на крајот било одлучено да се отпише овој голман.
Првиот пат тоа се случи пред полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кога Пена задоцни на тимска средба и тогаш Шчесни доби шанса.
Пена се обиде да објасни зошто доцни, но не доби шанса. Втората расправија се случила неколку недели подоцна кога сфатил дека ја загубил стартната голманска позиција што му било многу тешко и решил да го праша Флик што се случува.
Флик му објасни на Пена дека Шчесни е негов избор, што на Шпанецот не му се допадна и затоа тој наводно го крена гласот, а потоа Германецот целосно го прешкртал.
„Веќе нема да ми требаш. Подобро најди си нов клуб“, наводно луто му рекол Флик на Пена.
Германскиот тренер го исполни тоа бидејќи Пена нема брането ниту секунда по таа расправија, а работите да бидат уште полоши, Барселона реши да му понуди нов договор на Шчесни и тој заедно со Тер Штеген ќе биде изборот за голманската позиција во новата сезона.