Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Ханси Флик, испратил јасна порака до раководните лица дека би сакал во пролетниот дел од сезоната да ги има на располагање и услугите на крилниот напаѓач на германскиот бундеслигаш Баерн (М), Лерој Сане. Таквата негова желба може да стане реалност, затоа што Сане на крајот од сезоната ќе има статус на слободен фудбалер.