Ерата на Коби Брајант и Шекил О‘Нил во Лос Анџелес Лејкерс беше контроверзна и бурна, особено кон крајот, и покрај големите успеси. За целиот тој период и односот меѓу двете ѕвезди овој пат говореше Дерек Фишер, поранешниот кошаркар на Лејкерс, кој играше во тоа време заедно со Коби и Шек.
- Го освоивме нашиот прв трофеј во 2000 година, но следната година работите навистина се променија до тој степен што Коби почна да се чувствува како тој да е жртва најголема во клубот. Коби се гледаше себеси како еден од најдобрите на сите времиња и на крајот тоа и стана. Мислам дека 2001 година беше пресвртна точка. Коби почна да чувствува: „Ако сакам да бидам еден од најдобрите, подготвен сум да вложам време, да тренирам, да станам во четири наутро, да играм без сон и низ повреди. Зошто од мене се бара да работам помалку кога мојот соиграч можеби не вложува иста енергија?, се сеќава Фишер.
Тој повторно се наврати на таа сезона.
- Мислам дека 2001 беше годината кога сè се смени, од здравата тензија што им е потребна на големите тимови до тензијата кога еден човек може да застане на патот на друг. Ние, остатокот од тимот, се обидовме да ги натераме и двајцата да разберат дека не сакаме да избираме страни, заклучи Фишер.
Овој период останува една од најинтересните приказни во историјата на НБА, каде што кавгите меѓу двајца доминантни играчи речиси ги засениле нивните заеднички успеси, вклучително и трите последователни шампионски прстени во НБА.