Финасиска поддршка од Кисела Вода за жртвите на семејно насилство

43

Општина Кисела Вода ќе доделува еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за лицата  кои се соочиле со семејно или родово базирано насилство, со цел да им излезе во пресрет и да обезбеди директна поддршка за нив.

За таа цел денеска е објавен и jавен повик.

Од Општина Кисела Вода информираат дека оваа мерка е дел од Програмата за еднакви можности за 2025 година.

Лицата кои ќе се опфатат со мерката доделување на еднократна парична помош се  жители на општина Кисела Вода кои од Центарот за социјални работи се евидентирани како жртви на семејно/родово базирано насилство во периодот од  2024 и 2025 година, за што ќе треба да се достави потврда. Преостанатата документација потребна за аплицирање и сите други информации, се достапни на веб-страницата на општината: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2025/04/20250415110423894111.pdf, на огласните табли во сите урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.

-Ова е мерка со која Општина Кисела Вода уште еднаш потврдува дека создава конкретни политики за социјална заштита, еднакви можности и достоинствен живот за сите. Покрај  финансиската поддршка, испраќаме и јасна порака дека никој не е сам и дека локалната заедница стои зад секој оној што се соочил со насилство. Потребна е општествена мобилизација, но и системска поддршка. Затоа, продолжуваме со креирање и спроведување на конкретни мерки кои овозможуваат заштита, помош и рехабилитација на жртвите. Ова е уште еден чекор кон посилна, почувствителна и праведна општина за сите-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Аплицирањето започна вчера и ќе трае сѐ до исцрпување на финансиските средства, но не подоцна од 30 септември 2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ