Финансиска помош за жртвите на семејно и на родово базирано насилство

17

Општина Кисела Вода ќе им доделува финансиска помош на жртвите на семејно и на родово базирано насилство.

– Борбата за спречување на секој вид насилство е дел од нашата стратегија, која ја спроведуваме во континуитет. Оваа нова мерка, за која наскоро ќе биде распишан jавен повик, ќе им гарантира целосна дискреција на жртвите што ќе се пријават, а ќе приложат потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ова не е прва мерка што ја воведува Општина Кисела Вода во насока на надминување на ваквите или слични проблеми.

Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација „Крик“, беше отворена канцеларија за психолошко советување на жртвите на врсничко насилство, семејно или каков било вид насилство.

– Кисела Вода не само што е потписник на Европската повелба за еднакви можности за жените и на мажите во локалните заедници туку и во практика интензивно работи на спроведување на сите нејзини постулати – децидни се општинските власти.

 

ИЗДВОЕНИ