„Финале пред финалето“ донесе ждрепката за полуфиналните парови од завршниот турнир од Купот на ОФМ во женска конкуренција. Одбојкарките на Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ ќе се соочат во второто полуфинале кај дамите, закажано за в петок (4 април) од 19 часот, што судијќи според досегашните меѓусебни дуели ќе биде едно од највозбудливите натпревари во салата „25 Мај“ во Радовиш. Претходно, во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочат Наковски Волеј и Фит Фан Волеј. Патот до титулата во женска конкуренција е отворен, откако бранителот на трофејот Струмица жени беше елиминиран во осминафиналето.

Тридневната куп-програма стартува ден порано, на 3 април, кога се играат машките полуфиналиња. Во првото полуфинале бранителот на пехарот Штип УГД ќе се соочи со Работнички 71&амп;амп;22 од 16 часот, додека Струмица 47&амп;амп;72 ќе игра со Борец во второто полуфинале од 19 часот.

Одбојкарска федерација на Македонија заедно со општина Радовиш како технички организатор од 3 до 5 април во салата „25 Мај“ во Радовиш ќе ги пречека најдобрите четири екипи во Купот во машка и женска конкуренција.

КУП НА ОФМ 2025
ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025)
ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&амп;22 16:00ч.
СТРУМИЦА 47&амп;72 – БОРЕЦ 19:00ч.

ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 16:00ч.
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 19:00ч.

ФИНАЛЕН ДЕН, САБОТА (05.04.2025)
ФИНАЛЕ ЖЕНИ 16:00ч.
ФИНАЛЕ МАЖИ 19:00ч.

ИЗДВОЕНИ