Филмски грабеж во Сплит: Разбојник ја „испразнил“ Ерсте банка, отворил оган врз две полицајки, па бил убиен

121

Маж загина при вкрстен оган со полицијата што се случи денеска околу пладне во Сплит, пред Ерсте банка.

Според очевидци, како што пренесуваат хрватските медиуми, маскиран маж влегол во банката, каде со пиштол барал пари. Чувар се обидел да го спречи, па разбојникот побегнал од банката.

Во тој момент по улицата се движеле две полицајки кои биле во патрола, а кога ги видел разбојникот почнал да пука кон нив, на што тие возвратиле.

Соседите од околните згради велат дека слушнале осум истрели. Се очекува полицијата подоцна да објави детали.

Телото на загинатиот разбојник е лоцирано на неколку метри од банката.

Сѐ уште не е целосно јасно колку пари имало во сивата чанта покрај неговото тело.

Зградата на Ерсте банка се наоѓа на само 10 метри од општинските и окружните судови и околу 30 метри од зградата на Полициската управа на Сплит – Далмација.

ИЗДВОЕНИ