Во кината во нашата земја од денес почнувa да се прикажува филмот „Поплава“ (Straume), која го освои овогодишниот Оскар за најдобар анимиран филм. Со прекрасна визуелна нарација и длабока приказна, на која воопшто не ѝ се потребни зборови, „Поплава“ раскажува за храброста,  борбата за опстанок и новите пријателства.

„Поплава“ е визуелно импресивна басна за една храбра мачка која тргнува на едно чудесно патување, низ природни и мистични царства, откако нејзиниот дом ќе биде уништен од голема поплава. Здружувајќи се со капибара, лемур, птица и куче заедно ќе управуваат со еден брод во потрага по копно и ќе мораат да се потпрат на довербата, храброста и разумот за да ги преживеат опасностите на новата водена планета. Режисерот Гинтс Зилбалодис, заедно со сценаристот Матис Кажа создале визуелно моќен и неверојатно гласен нем филм и тоа преку приказна која не само што привлекува преку визуелното, туку и преку музиката, која е компонирана од страна на Зилбалоридис и Рихардс Залупе, а која беспрекорно тече заедно со филмскиот наратив. Анимираниот филм „Поплава“ е кропродукција помеѓу Литванија, Белгија и Франција, со времетраење од 85 минути.

ИЗДВОЕНИ