Филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски освои две награди на Филмскиот фестивал „Санденс“ што се одржа од 23 јануари до 2 фервуари во Парк Сити, Јута, САД.

Дебитантското долгометражно остварување на Унковски на најголемиот фестивал на независен филм во САД се закити со признанија од публиката во категоријата Светска филмска драма (Audience Award: World Cinema Dramatic), како и специјалната награда од жирито за креативна визија (World Cinema Dramatic – Special Jury Award for Creative Vision).

Филмот го претставува Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, кое наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг. Улогите во филмот ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.

ИЗДВОЕНИ